/ Прочитано:

727

На Заев нема да му биде одземен пасошот – укината и обврската да се јавува во суд

Петок, 2 октомври 2015 – Основниот суд Скопје 1 го одби предлогот на обвинителството да му биде одземен пасошот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Истовремено донесена е и одлука да се укине и мерката на претпазливост според која Заев имаше обврска да се јавува во струмичкиот суд секој понеделник. 

„Предлогот на обвинителството за определување мерка претпазливост – одземање патна исправа, односно забрана за нејзино издавање, со оглед на фазата на постапување во која е предметот, судот го одби како неоснован, додека предлогот за укинување на мерката за  претпазливост – обврска на обвинетиот повремено да се јавува на овластено службено лице во Основниот суд Струмица го уважи и ја укина мерката“, велат од Основниот суд Скопје 1.

Ново рочиште за случајот „Пуч“, кој веќе неколку пати се одложува,  е закажано за в понеделник, но адвокатскиот тим на Заев очекува пак да биде одложено се додека предметот не го преземе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Во предметот веќе има и една спогодбена пресуда против вработениот во МВР Звонко Костовски.

Покрај Заев,  обвинети се и поранешниот разузнавач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња, како и еден вработен во општина Струмица и еден во МВР. Сите се товарат за шпионажа и за насилство спрема претставници на највисоките државни органи.