/ Прочитано:

1.292

Над 4 500 субјекти на најновата листа на должници ја УЈП

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.

????????????????????????????????????

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр. 07/2016 за долгови достасани до 31.3.2016 и неплатени до 30.6.2016 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120 000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и
  2. повисок од 300 000 денари за правните лица

Повеќе од 4 500 фирми, физички лица и јавни претпријатија се најдоа на најновата листа на УЈП. Јавното претпријатие „Македонски шуми”, ЈП за комунални дејности „Комуналец“ Гостивар, Јавното комунално претпријатие Тетово, ЈП Македонска радио-телевизија, ЈП за стопанисување со објекти за спорт во сопственост на Р Македонија и ЈП „Македонија пат“ се наоѓаат во горниот дел на Листата за месец јуни 2016 година.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени во Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци може да се обрати до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РМ – Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел. 02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови врз основа на акцизи, царини и ДДВ при увоз.