/Прочитано:

431

Надзор над мерките за следење – добри практики од Обединето Кралство

Скандалот со прислушувањето во Македонија откри многу недоследности во функционирањето на безбедносните служби, но и отсуство на соодветни надзорни и контролни механизми над мерките за следење.

akad 4

Магдалена Лембовска, истражувач за безбедносни прашања во тинк-тенк организацијата „Аналитика“

Во октомври 2016 год., премиерот Емил Димитриев најави проект за консолидација на безбедносните служби, кој, меѓу другото, има цел да ги направи поефикасни, транспарентни и отчетни. Иницирањето на реформи како одговор на одреден настан не е непозната практика низ светот.

Движечката сила при реформирањето на службите кон подобра транспарентност и отчетност, вклучително и демократски надзор, во многу етаблирани демократии, меѓу кои и Обединетото Кралство, честопати биле скандали и наводни нелегални активности. Затоа, вреди да се погледнат овие искуства со цел да се идентификуваат лекции кои можат да бидат применети во нашиот контекст.

Во Обединетото Кралство, дури и воспоставувањето на законската рамка за безбедносните служби (и пред сè признавање дека воопшто постојат) се случи на почетокот на 90-тите бидејќи во спротивно тоа ќе значеше повреда на одредбите од Европската конвенција за човекови права.

akad 2

Сепак, најголемиот скандал во последно време е, несомнено, откривањето на практиките за следење од страна на Американската национална агенција за безбедност и Штабот за комуникации на британската влада.

Комисијата за разузнавање и безбедност спроведе истрага според која наводното следење на комуникации во рамките на програмата ПРИЗМА се смета за неосновано. Сепак, Комисијата ја оцени правната рамка која ја регулираше материјата во тоа време како незадоволителна… Целосниот текст на анализата „Надзор над мерките за следење – добри практики од Обединето Кралство“