/ Прочитано:

841

Наградата „Вацлав Хавел“ на ПССЕ за човекови права ја доби азербејџанскиот активист Анар Мамадли

Понеделник, 29 септември 2014 – Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа денеска му ја доделија наградата за Човекови права „Вацлав Хавел“ на Анар Мамадли од Азербејџан, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Наградата во Стразбур ја прими неговиот татко, бидејќи Мамадли издржува затворската казна од 5,5 години. Наградата за Анар Мамадли доаѓа во моментот кога Азербејџан претседава со Советот на Европа. Тој е меѓу борците за човекови права во Азербејџан и за одржување на слободни избори. Тој е еден од основачите на влијателна и искусна организација за набљудување на изборите во Азербејџан (Центарот за изборно набљудување), со која претседава.

Од 2001 година Центарот ги следи сите избори во Азербејџан, како и во нивното подготвување и воспитувањето на избирачите. Тој беше уапсен во 2013 година за „злоупотреба на власт“ и осуден во 2014 година на 5,5 години затвор.

Годинава во финалната селекција за оваа награда од вкупно 56 предлози се најдоа покрај лауреатот – бранителот на човековите права Анар Мамади од Азербејџан, уште „Б’тселем од Израел и Службата за бегалци на жезуитите од Малта.

Со оваа награда Парламентарното Собрание на Советот на Европа, заедно со библиотеката „Вацлав Хавел“ и фондацијата „Повелба 77“, која ги наградува исклучитлените акции на граѓанското општество во одбраната на човековите права во Европа и светот, дотацијата е 60 000 евра. Библиотеката „Вацлав Хавел“ потоа во Прага организира меѓународна конференција во чест на лауреатот.

Ланската, прва награда „Вацлав Хавел“ му беше доделена на Алес Биалиатски од Беолорусија, наградата ми беше врачена само во текот на оваа година по неговото излегување од затвор, кој годинава беше почесен гостин на свеченоста во Палатата на Европа во Стразбур.