/ Прочитано:

616

ДО 31 ОКТОМВРИ: Фискален апарат со ГПРС уред треба да воведат уште 7.833 фирми

Четврток, 2 октомври 2014 – Даночните обврзници чиј промет во претходната година надминува 10.000.000 денари, понатаму обврзниците кои вршат угостителска дејност и кои вршат промет на нафтени деривати на мало (бензински пумпи) треба најдоцна до 31 октомври 2014 година да воведат и регистрираат фискален систем на опрема со GPRS уред. Рокот за сите други даночни обврзници е до 31 јануари 2015 година, известуваат од УЈП.

„Постапката на регистрација трае до 10 минути и се врши електронски од страна на овластениот производител, во моментот на набавка на фискалниот апарат. По успешната електронска регистрација во системот на УЈП, обврзникот може веднаш да го постави фискалниот апарат со GPRS уред во деловниот објект и да врши регистрирање на готовинскиот промет“, појаснуваат од УЈП.

Еден месец пред истекот на рокот 1156 обрзници успешно регистрирале 1595 фискални апарати со ГПРС уред, а до 31 октомври 2014 година се очекува 7.833 даночни обврзници да ја заокружат постапката.

УЈП апелира фирмите да не го чекаат последниот рок и навремено да се обратат кај некој од овластените производители заради обезбедување и регистрација на фискален апарат со GPRS уред.