/Прочитано:

77

Најгорливите прекршувања на работничките права – тема на средбата меѓу Хелсиншкиот комитет и Државниот инспекторат за труд

Претставници на Хелсиншкиот комитет одржаа работна средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика – Сектор за прекршоци од областа на работните односи и областа на безбедност и здравје при работа и претставници од Државниот инспекторат за труд.

На работната средба се дискутираше за најгорливите прекршувања на работничките права на текстилните и кожарските работнички и работници кои се документирани од страна на Хелсиншкиот комитет, во однос на неисплаќањето плата, придонеси на плата и додатоци на плата од страна на работодавачите, исплата на плата на рака, незаконско прекинување на работниот однос, нерегулиран работен однос, прекувремена работа над законски дозволениот максимум, мобинг од страна на работодавачите, работа во несоодветни здравствени и санитарни услови, необезбедени соодветни мерки за безбедност и здравје при работа, повреди на работно место, повреда на правото на користење годишен одмор, работа на државни празници.

На средбата беа предложени решенија за надминување на ваквите состојби, а претставниците на Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд изразија подготвеност и желба за идна соработка со Хелсиншкиот комитет, во стремежот за подобрување на состојбата со работничките права на текстилните и кожарските работници.

М.В