/ Прочитано:

775

Највредни брендови во светот

Четврток, 16 октомври 2014 – На прво место е Брендот Apple, кој се проценува на 119 милијарди долари – или повеќе од БДП на Кипар, Кенија и Естонија земени заедно, според најновата ранг-листа на најскапите брендови на Interbrand.

Вредноста на брендот Apple е зголемен за 21% за само 12 месеци. Второто место во рангирањето на најскапите брендови е Google, чија вредност е зголемена за 15% до 107 милијарди долари. На третото место е Coca-Cola, чија марка имазголемена вредност за 3% до 81,5 милијарди долари. Веднаш потоа се рангираат брендовите IBM, која се проценува на 72,2 милијарди долари, и Microsoft – 45,5 милијарди долари. Следни на листата се General Electric (45,48 милијарди долари), Samsung (45,46 милијарди долари), Toyota (42,39 милијарди долари), McDonald’s (42,25 милијарди долари) и Mercedes-Benz (34,33 милијарди долари ). Најмногу пораснала цената на брендот на Facebook минатата година, чија вредност е зголемена за 86% до 14,3 милијарди долари.