/ Прочитано:

1.555

ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА: Намалена казната на Санадер за „Хипо банка“ и „Ина-МОЛ“

Петок, 13 јуни 2014 – Хрватскиот Врховен суд му ја намали казната на поранешниот премиер Иво Санадер за аферите „Хипо банка“ и Ина – МОЛ од 10 на 8,5 години затвор.

Портпаролот на Загребскиот Окружен суд соопшти дека е добиена конечната одлука на Врховниот суд за обединетиот предмет „Хипо банка“ и Ина – МОЛ со која е потврдена првстепената пресуда за хрватскиот експремиер Иво Санадер, но со која казната се намалува на 8,5 години затвор. Санадер ќе мора да врати во државниот буџет 3,6 милиони куни (околу 480 000 евра).

Санадер беше осуден на 19 ноември 2012 година на затворска казна од 10 години поради земање поткуп од две странски компании – австриската банка „Хипо Алпе Адриа“ во 1995 година и од унгарската компанија МОЛ во 2008 година.