/ Прочитано:

960

Намалување на глобите во Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица

Вторник, 6 октомври 2015 – Измени на Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговскиот регистар и регистар на други правни лица се наоѓаат во собраниска процедура. Целта на измените на Законот, кој е на второ читање, е усогласување со новиот Закон за прекршоци кој предвидува примена на нова методологија за одмерување на глобите која што се заснова на критериумите „вкупен приход остварен во претходната фискална година“, „просечен број на вработени“ и „претходно поведение на сторителот“.   

Со Законот за едношалтерскиот систем се уредуваат едношалтерскиот систем, водењето на трговскиот регистар и на регистарот на други правни лица, регистарот на физички и правни лица на кои им е изречена санкција забрана за вршење професија, дејност или должност и привремена забрана за вршење одделна дејност, регистар на казни за сторените кривични дела на правни лица од страна на Централниот регистар на Република, во писмена и електронска форма, како и преземањето на водењето на трговскиот регистар, судскиот регистар, регистарот на водните заедници, регистарот на водостопанства, регистарот на здруженија и фондации и регистарот на комори од надлежните судови од страна на Централниот регистар.

Во рамки на Законот е уредена и прекршочната политика, врз основа на која надлежните прекршочни органи изрекуваат санкции, во случај на констатирани прекршоци од страна на правните лица.

„Предложените измени на Законот за едношалтерскиот систем во делот на прекршочните одредби се подготвени заради усогласување со новиот Закон за прекршоци, кој предвидува значително т.е. неколкукратно намалување на глобите за сторени прекршоци од страна на правни лица, со примена на нова методологија за одмерување на глобите утврдена во овој закон, која што се заснова на критериумите: вкупен приход остварен во претходната фискална година, просечен број на вработени и претходно поведение на сторителот.На овој начин, правните лица со помал вкупен приход и помал број вработени ќе плаќаат пониски казни за исти прекршоци во однос на казните кои ќе ги плаќаат правните лица со поголем вкупен приход и поголем број вработени“, се посочува во законското образложение.

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СОДРЖИНАТА НА ОДРЕДБИТЕ НА ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ

Со членот 1 од Предлог на законот, се менува постојниот член 63, во насока прецизирање на износот на глобата на 2.500 евра за сторен прекршок од страна на правното лице, наместо досегашниот распон на износ на глоба од 1.200 до 2.500 евра. За одговорното лице во правното лице, се предвидува изрекување глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, наместо досегашниот износ на глоба во распон од 500 до 1.000 евра.

Со членот 2 од Предлог на законот, се менува постојниот член 65, во насока прецизирање на износот на глобата на 2.500 евра за сторен прекршок од страна на правното лице, наместо досегашниот распон на износ на глоба од 1.200 до 2.500 евра. За одговорното лице во правното лице, се предвидува изрекување глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, наместо досегашниот износ на глоба во распон од 500 до 1.000 евра.

Со членот 3 од Предлог на законот се менува постојниот член 66, во насока прецизирање на износот на глобата на 2.500 евра за сторен прекршок од страна на правното лице, наместо досегашниот распон на износ на глоба од 1.200 до 2.500 евра. За одговорното лице во правното лице, се предвидува изрекување глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, наместо досегашниот износ на глоба во распон од 500 до 1.000 евра.

Со членот 4 од Предлог на законот се менува постојниот член 66-а, во насока прецизирање на износот на глобата на 1.000 евра за сторен прекршок од страна на субјектот на упис, наместо досегашниот распон на износ на глоба од 500 до 1.000 евра. За одговорното лице во субјектот на упис, се предвидува изрекување глоба во износ од 30% од одмерената глоба на правното лице, наместо досегашниот износ на глоба во распон од 250 до 500 евра.

 Со членот 5 од Предлог на законот се додава нов член 66-б со кој  се утврдува дека одмерувањето на висината на глобата на правното лице ќе се врши согласно Законот за прекршоци.

М.В