/ Прочитано:

1.033

Народен правобранител: Необучен кадар и лош третман на осудениците во психијатриските установи

Понеделник, 20 октомври 2014 – Непочитување на стандардите во делот на организирање, третман и несоодветно обучен кадар, сместувачките капацитети, условите за ихрана, третман, бања се дел од забелешките на Народниот правобранител за психијатриските установи во Македонија.

Заменик народниот правобранител Васка Бајрамовска – Мустафа информира дека била упатено порака за подобрување на условите во психијатриските установи од материјален и кадровски аспект, со цел почитување на лицата, нивните права и човековото достоинство при нивниот третман.

На Регионална работилница за надзор над психијатриските установи во организација на Инструментот за техничка помош и размена на информации на Европската комисија (TAIEX) и Народниот правобранител на Македонија што денеска и утре се одржува во Скопје, Бајрамовска – Мустафа забележа дека има извесни подобрувања во установите и во третманот пацинетите, но оти сепак е далеку од задоволително, како што налага европската повелба и меѓународните конвенции за почитување за почитување на стандардите во таквите установи.

„Беа дадени препораки, како во делот на објектите, односно сместувачките капацитети, условите за ихрана, третман, бања или условите каде што го поминуваат секојденвниот живот, каде што се сместени, во делот на кадарот што се грижи за нив и знаењето што го има со цел подобрување на нивните знаења заради подобар третман, онака како што заслужуваат лицата во установите. Условите се секогаш на прво место, бидејќи се неопходни за нормално сместување и живеење за да можат понатаму да дојдат сите оние права, вклучувајќи и право на здравствена заштита, соодветен третман, слободното време или движењето, дружењето меѓу нив за да може да функционираат онака како што заслужуваат“, истакна Бајрамовска – Мустафа.

Од посетите направени во психијатриските болници во државата Аница Томшиќ – Стојковска од канцеларијата на Народниот правобранител на Република Македонија забележа дека од 2012 година се презмеата градежни зафати.

„Во 2014 беше забележано дека во психијатриската болница Бардовци има изградено нов оддел каде што се сместуваат акутни пациенти и лица, кои се лечат од алкохолизам, иста е состојбата и со психијатриската болница Негорци, а добивме информација дека и во Демир Хисар болницата е влезена во проектот на Министерството за здравство за реновирање“, рече Томшиќ – Стојковска.

Како проблем, според неа, се јавува малиот капацитет на кревети во судските одделенија, односно во оние одделенија каде што се сместуваат пациенти за кои е изречена и санкција врз основа на судска одлука.

„Во психијатриските болници не можевме да забележиме дека постојат судски одделенија за жени, односно жените пациенти се преупатуваат во други одделенија како што е акутно, хронично и може да претставуваат ризик како за себе така и за другите пациенти кои се сместени. Материјалните услови се на пониско ниво во судските одделенија во однос на оние каде што доброволно се сместуваат пацинети за лекување“, рече Томшиќ – Стојковска.

Најкурциалниот дел, подвлече дека е соработката и комуникацијата со надлежнте судови, бидјеќи судовите се тие што одлучуваат за пристојна социјализација, треба да бидат поажурни во донесување на одлуките и да не се чека долго за да може лицето да има и правен акт врз основ на кој ќе биде сместено во здравствената установа.

„Од разговори со пацинетите една од поплаките е на пациентите во судските одделенија, за кои се бара дозвола од судот за може да користат и тераписки викенд. Потоа храната, количеството и квалитетот што го добиваат, во одреднени ситуации вербалниот однос што го имаат со болничарите. Носењето сопствена гардероба, да не бидат во пижами идентификувани и облежани дека се пациенти во здравстевни установи“, поочи Томшиќ – Стојковска.

Таа рече дека со оглед на тоа што нема ниту една претставка од семејствата на пациентите до Народниот правобранител тие се препуштени сами на себе и оти семејствтата не се грижат за нив.

Во Словенија, според Зденка Чебашек – Травник претставник од Народниот правобранител, од 2008 година има закон за душевно здравје, во кој е прецизирано како треба да се постапува кога лицето ќе се однесе во психијатриска болница. Таму најмногу пацинетите се жалеле кога се во затворени оддели и почнуваат да излегуваат.

„Според судската постапка тие може да останат во болнца повеќе од 48 часа имаат право да се жалат на судската одлука, а во некои болници се жалат и на лоши услови или на забраните условени со терапии“, истакна Чебешак Травник.

На работилницата за надзор над психијатриските установи учествуваат претставници на Европскиот комитет за превенција од тортура, претстваници на Националните превентивни механизми (НПМ) од земјите од регионот, како и психијатри кои соработуваат со НПМ тимовите.