/ Прочитано:

635

Народен правобранител: Пријавете на бројот 0800-54321 доколку имате повреда на избирачкото право

Недела, 13 април 2014 – Во канцеларијата на Народниот правобранител денеска, на денот на одржување на првиот круг на изборите за претседател на Република Македонија, во периодот од 7 до 19 часот ќе функционира бесплатната телефонска линија 0800-54321 на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право.

Покрај тоа, отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права.

Народниот правобранител потенцира дека избирачкото право е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање.

Никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела, соопштува Канцеларијата на омбудсманот.