/ Прочитано:

1.004

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ ДО МОН: „Почитувајте ги учениците и разговарајте со нив!“

Вторник, 7 април 2015 – Следејќи ја состојбата во образованието, следејќи ги протестите на средношколците во врска со новините во полагањето на државната матура и екстерното тестирање, како и постапувајќи по претставка од ученици-средношколци и родители на ученици, вчера до министерот за образование и наука народниот правобранител доставил Информација со предлог за преземање мерки.

Народниот правобранител препорачува доследно почитување на принципот на најдобриот интерес на детето, на правото на слободно мислење и слободно изразување за сите прашања што се однесуваат на детето, на правото на учество/партиципација и практикување дијалог, со што нема да се остави простор за каква било манипулација на децата и младите, како и посветување на потребното внимание за нивните ставови, во согласност со законите и со меѓународните документи ратификувани од страна на Република Македонија.

„За квалитетни и издржани промени во која било сфера, а особено во сферата на образованието, потребна е сеопфатна анализа на состојбите, смета народниот правобранител на Република Македонија. Тој вели дека за да се направат промени потребна е сериозна анализа со инклузија на јавноста.

„За квалитетни и издржани промени во која било сфера, а особено во сферата на образованието, потребна е сеопфатна анализа на состојбите. Промените не треба да се донесуваат на брз начин, без консултирање со пошироката јавност, напротив, транспарентно, преку јавна дебата, вклучувајќи ги сите инволвирани страни, меѓу кои и младите, со цел планирање целосни и сеопфатни новини, заемено прифатливи, од кои ќе имаат придобивки сите подеднакво, учениците, наставниците и општеството во целина“, посочува народниот правобранител.

Народниот правобранител повикува на дијалог со средношколците и потенцира дека не смее да се заборави дека учениците се директно засегнати од реформите во воспитно-образовниот процес, кој влијае на нивниот развој и на изградба на нивната личност.

„Од друга страна, воведувањето на реформи во образованието и начините на нивна реализација без консултирање, без комуникација и без дијалог со младите вклучени во образовниот процес придонесува тие да се чувствуваат непотребни и неважни, иако овие промени се однесуваат на самите ученици и тие ги чувствуваат последиците, вели народниот правобранител, препорачувајќи му на МОН сериозно да им посвети внимание на забелешките и ставовите на средношколската младина.

Тој укажува дека е потребно МОН да ги почитува учениците како субјекти и во разговор со нив да ги слушне нивните размислувања по однос на реформите во образованието затоа што, како што вели, само по пат на комуникација и дијалог со сите, и со младината, може да се очекуваат конструктивни и издржани промени, со кои ќе се постигне квалитетно образование.

СОНК ЌЕ ТУЖИ И ЗА КЛЕВЕТА И ЗА НАВРЕДА: „Со нашите пари ли ќе нè тужите?“ – реагираат од Наставничкиот пленум

М.В