/ Прочитано:

1.863

Народниот правобранител ќе одржи предавање на Универзитетот „Американ колеџ – Скопје“

Иџет Мемети, Народен правобранител на РМ, утре (среда) ќе биде гостин-предавач на Универзитетот „Американ колеџ Скопје“ (УАКС).

„Како почесен гостин-предавач, Народниот правобранител Иџет Мемети ќе одржи предавање на студентите од додипломски и постдипломски студии на Факултетот за правни науки, на тема ’Новиот Закон за Народниот правобранител и новите надлежности на институцијата‘. Предавањето ќе го отвори доц. д-р Јелена Ристиќ, професор на Факултетот за правни науки при УАКС“, информираат од Универзитетот „Американ колеџ – Скопје“ и Факултетот за правни науки при УАКС.

M.В