/ Прочитано:

1.909

Народниот правобранител: На ученичките што носат шамии да не смее да им се забрани посетување настава


Народниот правобранител најостро ја осудува постапката на Министерството за образование, кое со допис му овозможило на директорот на основното училиште „Братство и единство“ од Охрид, да им забрани посетување настава на ученички што носеле шамија на главата и бара веднаш да им се овозможи следење на наставата.

„Уставот на Република Македонија и Европската конвенција за човековите права предвидуваат и дозволуваат слобода на вероисповед и слобода на изразување на религијата, а според Конвенцијата за правата на детето, слободата на манифестирање на вероисповедта може да потпаѓа само под ограничувања предвидени со закон, а вакви ограничувања не се предвидени со Законот за основно образование и со другите позитивни законски прописи“, се наведува во реакцијата на Народниот правобранител.

Правобранителот укажува на потребата за доследно почитување на законите и задолжителна примена на ратификуваните меѓународни акти, како составен дел од нашиот правен поредок.

М.В