/ Прочитано:

756

Народниот правобранител оценката за состојбата на Кежаровски ќе ја соопшти на семејството на новинарот

Вторник, 29 октомври 2013 – Народниот правобранител, Иџет Мемети е без конкретен одговор за тоа каква е состојбата на  новинарот Томислав Кежаровски. 

Народниот правобранител рече дека посетата била остварена во текот на вчерашниот ден, но детални информации од увидот во протворското одделение ќе ги пренесе само на семејството и на Здружението на новинари. Следна посета, правобранителот најави за во четврток. 

„Просторијата каде Кежаровски престојува е проверена од секаков можен аспект. Беше разговарано со новинарот, со Управата, но, и други служби кои се од голема важност во однос на тоа како се издржува казната и дали постојат минимални стандарди. Дадовме сугестии кои ќе ги следиме, случајот е отворен и ќе бидеме во постојан контакт со семејството“, изјави Мемети.

Посетата на експертските тимови од канцеларијата на Народниот правобранител е по барање на ЗНМ и на семејството на новинарот Кежаровски, кои се пожалија дека притворот станал казна за новинарот, поради суровите услови во кои е принуден да престојува до правосилноста на судската одлука. Следната посета на новинарот Кежаровски ќе биде во четврток.