/ Прочитано:

935

Народниот правобранител отвори предмет за Законот за социјална заштита – ќе утврдува дали е дискриминаторски

Четврток, 21 август 2014 – Народниот правобранител отвори предмет за да утврди дали има дискриминаторски елементи во измените на Законот за социјална затштита.

Од Кабинетот на Народниот правобранител за Академик велат дека предметот е отворен и моментално се во фаза на прибирање на податоци со кои ќе се утврди дали во законското решение постојат дискриминаторки елементи, но и да се проанализира дали законските решенија ги следат уставните определби во насока на заштита на социјалните права и социјалната заштита.

„Разгледуваме каква е состојбата и моментално ги прибираме сите податоци со кои ќе може да се изгради конкретен став за предложеното законско решение. Ги разгледуваме сите аспекти и аргументации во врска со конкретниот предмет“, велат од Кабинетот на Народниот правобранител.

Од таму посочуваат дека предметот е отворен врз основа на иницијативата на невладината организација „Хоризонт“, која тврди дека законското решение е неуставно, неусогласено и дискриминаторско.

„Реагираме на донесените измени на Законот за социјална заштита кои се донесени на чуден начин по скратена постапка без широка јавна дебата на 31.07.2014 година а по барање на нашите членови кои се корисници на нега и помош од друго лице чија бројка во Македонија изнесува околу 25.000 корисници“, велат од невладината организација „Хоризонт“.

 Тие сметаат дека овој закон по донесените измени со одредени членови е неуставен и ги крши правата на граѓаните по многу основи и како таков бара интервенција од Народниот правобранител и претседателот на државата.

Исто тоака најавуваат и дека же поднесат иницијатива до Уставниот суд за да ја преиспита уставноста и истиот да се повлече бидејќи, како што потенцираат, со вршењето дискриминација и повреда на човековите права ќе се предизвика сериозно нарушување на здравјето и животите на огромен број досегашни корисници на правото за помош и нега од друго лице.

Според Хоризонт во законот не може да стои цензус, односно финансиски лимит во остварување на правото на парична помош на трето лице, а конзилијарните мислења од докторите да не се издаваат само на Скопските клиники.

За овие нерегуларности, како што велат од невладината, биле известени и министерот за здравство и труд и социјална политика, но оттаму, како што велат, добиле само ветување дека ќе им се разгледаат барањата.

(М.В)