/ Прочитано:

754

Националната гарда уапси баба: „Протестирам за да не мора друг кога ќе има 90 години!“

Вторник, 19 август 2014 – Во центарот на американскиот град Сент Луис полицијата приведе осум луѓе кои го блокираа влезот на административната зграда во знак на протест поради случувањата во соседниот град Фергусон каде полицијата застрела невооружен афроамериканец.

Полицијата употреби солзавец за да растера демонстранти во Фергусон каде не престануваат тензиите по убиството на афроамериканец тинејџер од страна на полицаец пред девет дена.

Полицијата во опрема за разбивање демонстрации со поддршка на оклопни возила и хеликоптер што ги надлетуваше демонстрантите, побара првично од нив да се разотидат. Подоцна откако демонстрантите продолжија со протестот, полицијата употреби солзавец.

Националната гарда распореди вчера свои припадници во обид да помогнат да се врати редот и мирот во Фергусон.Според западни медиуми, на покривите веќе се распоредени снајперисти.

„Нивната задача е да се грижат за безбедноста на Американците ама тие водат војна против невооружени граѓани“, изјави еден од демонстрантите.

Патолози кои беа изнајмени од семејството на убиениот тинејџер Мајкл Браун, соопштија дека во младото момче било пукано шест пати, од кои два куршума во главата.

Според локални медиуми, повеќе од 120 демонстранти учествуваа во протести низ улици во градот, по што се собрале поред влезот на зградата и го блокирале.

Едно од приведените лица е 90-годишна жена, родена во Германија која го преживеала Холокаустот.

„Го правам ова откако бев тинејџерка. Не мислев дека ќе треба да го правам ова одново на 90 години“, изјави Хајде Епштајн додавајќи дека денес треба да го прават тоа за да не мора да го прават други кога ќе дојдат на 90 годишна возраст, додаде таа.

Американскиот претседател Барак Обама синоќа изјави дека во Фергусон утре ќе пристигне државниот обвинител Ерик Холдер поради убиството на црн тинејџер, повикувајќи ги полициските сили и демонстрантите да покажат воздржаност.

Обама нагласи дека Холдер во Фергусон ќе се сретне со претставници на ФБИ и други официјални лица кои вршат независна федерална истрага.

„Луѓето во Фергусон со право бараат одговори, изјави Обама на конференција во Белата куќа“, истовремено повикуваќи на разбирање.

Според Обама гневот поради смртта на тинејџерот Мајкл Браун, убиен од полицаец, е разбирлив, но истовремено ги осуди насилствата и грабежите за време на протестите.