/ Прочитано:

2.091

Национално координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување

Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување се конституира по пауза од година и пол, во согласност со Одлуката на Владата од 5 декември 2017 година. Целта на ова тело е да го следи и да го координира спроведувањето на активностите за заштита на децата од злоупотреба и занемарување.

Со НКТ претседава министерката за труд и социјална политика, а во него членуваат претставници од: МТСП, МВР, МОН, Министерството за здравство, Министерството за правда, ЈЗУ Универзитетска клиника за психијатрија, ЈУ Завод за ментално здравје на деца и младинци, ЈУ Завод за социјални дејности,  Канцеларијата на УНИЦЕФ  во Скопје, Првата детска амбасада во светотМеѓаши, СОС Детско село, Здружението за заштита на правата на децата и Советот за превентива против малолетничка деликвенција.

Бенџамин Перкс,претставник на УНИЦЕФ,на седницатаимаше презентација за влијанието штого имаат насилството, запоставувањето и нефункционалното родителство врз долгорочниот развој на децата, нивните семејства и општеството.

Поаѓајќи од основните причини што доведуваат до тоа насилството да биде присутново земјава, Перкс повика на потребата од изготвување на меѓусекторска стратегија за зајакнување на интервенциите во јавното здравство и детска заштита и за поддршка на родителите.

Претседателот на Советот за превентива против малолетничка деликвенција, Лазар Нанев, на седницата  презентираше индикатори за следење на состојбата со деца жртви, изготвени за потребите на Националното координативно тело.

„Децата се најранливата категорија, кога станува збор за насилство и занемарување, и затоа треба да им се посвети посебно внимание и грижа. Траумите од претрпено насилство и недостиг на грижа во детството оставаат неизбришливи траги и последици во понатамошниот живот на човекот и затоа превенцијата треба да биде врвен приоритет во сите активности“, изјави министерката Царовска на конститутивната седница на Националното координативно тело за заштита на деца од злоупотреба и занемарување. Според неа, заштитата и превенцијата  бараат мултисекторски пристап кој се овозможува токму преку работата на ова тело.

М.В