/ Прочитано:

1.144

Научна расправа за департизација на институциите: Отсуството на владеењето на правото ги слабее македонските институции

Центарот за стратегиски истражувања при Македонската академија на науките и уметностите денеска организираше научна расправа на тема: „Политички партии, департизација на институциите и владеење на правото“, којасе одржа во работните сали на МАНУ.

Организирањето на оваа научна расправа е предвидено со програмата на Центарот за стратегиски истражувања при МАНУза 2017 година, во рамките на проектот „Правна држава, владеење на правото и човекови слободи и права“.

Целта на оваа програма, истакна академик Владо Камбовски, е преглед на научната мисла кај нас за политичките партии и проблемот на партизација на државата и нејзините институции, поттикнување на научното истражување за политичките партии во светлината на основната човекова слобода на здружување и нивната положба и улога во македонскиот политички систем.

Одржувањето на денешната научна расправа претходи на претстојното одржување на Охридската школа на природно правна тема „Демократија и владеење на правото“, на која учествуваат магистранти и докторанди, студенти на правните и политичките студии на факултетите во државата.

Слабоста на македонските институции, беше истакнато на денешната расправа, произлегува од трите групи фактори – отсуство на владеењето на правото, логиката на поставеност, функционирање и практикување на власта од страна на политичките партии и влошувањето на квалитетот на образовниот систем.

Владеењето на правото подразбира доверба која треба даја имаат субјектите во правниот систем, заштитата на сопственичките права и ефикасноста и квалитетот на судскиот систем. Како принцип, владеењето на правото е насочено конконтрола на корупцијата во сите нејзини облици на манифестирање, која го мери степенот на злоупотреба на јавната моќза остварување на лични и партиски интереси.

„Корупцијата е голем проблем во Република Македонија. Каналите преку кои корупцијата ги испорачува негативните ефекти врз динамиката на економскиот раст се бројни и во основа, добро елаборирани во економската литература. Синтетички гледано, корупцијата ги зголемува трошоците на инвестирање и воопшто трошоците на работење на фирмите и ги дестимулира директните инвестиции“, истакна претседателот на МАНУ, академик Таки Фити,кој се осврна на прашањето за политичките партии,департизацијата на институциите и владеењето на правото.

Во врска со прашањето за политичките партии и владеењето на правото, од аспект на казненоправната одговорност на партиите, наденешниот настан беше подвлечено дека кога станува збор за расправата во врска со казнената одговорност на политичките партии, како клучни спротивставени интереси се појавуваат интересите на правдата и интересите на демократијата.

И покрај тоа што историскиот развиток на казненото право се движеше во насока на напуштање на колективната одговорност, образложи проф. д-р Александар Маршавелски од Република Хрватска,  новите тенденции укажуваат на тоа дека индивидуалната казнена одговорност е сепак недоволна.

„Некои казнени дела се извршуваат од името на колективот и за задоволување на неговите интереси. Поради тоа се смета за праведно да се казни целиот колектив, а не само неговите поединци. Таков интерес на правдата постои и во поглед на политичките партии“, образложи Маршавелски.

Улогата на политичките партии во казненоправните системи обично се гледа низ призмата на овластувањата што ги имаат тие преку членовите на извршната и законодавната власт и во создавањето на казнената политика на одредени земји. Во модерните демократии, уставното право им дава голема моќ поради фактот што граѓаните ги избрале токму нив, преку демократски избори за да ги претставуваат нивните интереси.

Сепак, посочи професорот Маршавелски, во јавноста сè повеќе се покажува дека и политичките партии се способни за извршување на кривични дела ‒ било тоа да значи злоупотребана својата положба и овластувања (на пример, полицијата, војската и финансиската моќ врз буџетот), во својство на владејачка партија или преку извршување на незаконски акти како опозициска партија (политички казнени дела, тероризам и сл.).

М.В