/ Прочитано:

1.396

Неколку совети за привлекување на вистинските клиенти

Aдвокатот кој е во потрага по клиенти мора да знае каков тип клиенти бара за да соработува со нив во иднина. Како прв совет во оваа насока се посочува тоа дека треба да се посвети внимание на маркетингот и на претставувањето на канцеларијата и на услугите што ги нуди таа, а истовремено полезно би било и да се искористат разните апликативни алатки за наоѓање клиенти кои бараат услуги токму како оние што се нудат од страна на вашата канцеларија.

адвокат со клиент

Во новото модерно време на користење на технологијата во правната сфера се актуализира и прашањето за наоѓање соодветни клиенти за работа, особено во адвокатурата. Според веб-страницата attorneyatwork.com, во ова поле на развивање на адвокатската професија од голема помош се и апликациите што се користат за социјално и професионално поврзување.

Пред сè, адвокатот кој е во потрага по клиенти мора да знае каков тип клиенти бара за да соработува со нив во иднина. Како прв совет во оваа насока се посочува тоа дека треба да се посвети внимание на маркетингот и на претставувањето на канцеларијата и на услугите што ги нуди таа, а истовремено полезно би било и да се искористат разните апликативни алатки за наоѓање клиенти кои бараат услуги токму како оние што се нудат од страна на вашата канцеларија.

Работата треба да се планира, а планираното да се работи. Секој чекор кој го преземате во адвокатурата и барањето клиенти треба внимателно да ги планирате и да одите со конкретни амбиции за она што сакате да го остварите. Некогаш е добро и да излезете од статичното работење во канцеларија и од дневните работни рутини. Како одличен совет се препорачува учеството на бизнис-конференции, работилници за развој на стратегиско управување, работење со маркетинг итн.

Многупати е пишувано за тоа дека е корисно за вашата адвокатска канцеларија доколку се презентира преку интернет. Фразата „одете онлајн” е во тренд неколку години наназад и значи дека за секој оној што бара клиенти најдобро е својот профил да го претстави на социјалните мрежи. Показател за тоа е и интернет-анализата на генераторот Аво, кој нуди глобален приказ на адвокатите во САД, кои, поради истакнување на профилот на својата адвокатска канцеларија на интернет, склучуваат 17 пати повеќе договори со клиенти отколку оние што не се рекламираат.

Исто така, нивото и тонот на комуникацијата со клиентите е важен сегмент во привлекувањето на клиентот. Секогаш кон клиентот треба да се однесувате природно, без некои големи и строги формалности, без да им зборувате во завиена форма со користење на премногу стручни термини. Едноставно, како адвокати треба да бидете слободни и отворени кон клиентот, внимателно да ги сослушате неговите проблеми и неговиот интерес бидејќи се решил токму вас да ве најми за полномошник.

Одржувањето на постојан контакт со колегите адвокати и со други познаници кои работат нешто поврзано со правото, исто така, е од големо значење при стекнувањето нови клиенти. Меѓусебната соработка може да доведе до значајна размена на информации за некоја идна зделка, идна соработка која ќе ви донесе профит и ќе ја зголеми вашата репутација. Секогаш е добро да се одржуваат старите професионални контакти, да се биде во нормални односи со луѓето од вашата професија бидејќи никогаш не се знае што може да ви донесе еден контакт во развојот на вашата адвокатска пракса.