/ Прочитано:

2.019

Нема промени во бројот на пратенички мандати по прегласувањето во Теарце

За изборните единици каде што резултатите од изборите се конечни, ДИК ќе ги издаде уверенијата најдоцна до среда, 28 декември. Евентуално, ако немаме приговори и во однос на вчерашното гласање, на истиот ден ќе бидат издадени и уверенијата за ИЕ 6, освен за двата пратеника за кои влијае распределбата на мандатите доколку има приговор за нив“, изјави Александар Чичаковски, претседател на ДИК.

Гласање

По прегласувањето во Теарце на избирачкото место 2011 нема промена во освоените пратенички мандати, соопшти Државната изборна комисија по пребројувањето на гласовите.

Александар Чичаковски, претседател на ДИК, на прес-конференцијата што се одржа околу полноќ соопшти дека бројот на пратеничките места во Собранието останува ист.

„ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија освоија 51 пратенички мандати, СДСМ и Коалицијата за подобар живот во Македонија освоија 49 мандати, а потоа следуваат: ДУИ со 10 мандати, БЕСА освои 5 мандати, Алијансата за Албанците освои 3 мандати и ДПА 2 мандати. За изборните единици каде што резултатите од изборите се конечни, ДИК ќе ги издаде уверенијата најдоцна до среда, 28 декември. Евентуално, ако немаме приговори и во однос на вчерашното гласање, на истиот ден ќе бидат издадени и уверенијата за ИЕ 6, освен за двата пратеника за кои влијае распределбата на мандатите доколку има приговор за нив“, изјави Чичаковски.

Инаку, на прегласувањето во Теарце, од вкупно 714 граѓани со право на глас, гласале 402. Најмногу гласови освои СДСМ, односно 245 гласа, додека за ВМРО –ДПМНЕ гласале 149 граѓани.

ДИК ги објави и првичните резултати од сите избирачки места во Општина Теарце, каде што се запишани вкупно 20 732 избирачи. Од нив гласале 10 643 лица, односно 51,34 проценти. Притоа, ВМРО – ДПМНЕ на сите избирачки места во Општина Теарце има освоено 1 147 гласа, – ДПА 1 663, – ДУИ 2 963, СДСМ има освоено 1 198 гласа, – Коалицијата за промени и правда 11 гласа, – ПДП 19 гласа, – Алијансата за Албанците 774 гласа , Коалиција ВМРО за Македонија 38 гласа и БЕСА има  освоено 2 574 гласа.

А. Б.