/ Прочитано:

1.928

Незадоволни адвокати ја напуштаат адвокатурата и се посветуваат на занаети – Правењето торти, еден од нив

Се поголем број адвокати и правници во САД ја оставаат правничката кариера и започнуваат бизнис на друго поле каде успешно ги реализираат своите бизнис идеи и едноставно се „пронаоѓаат“ во таа сфера, која, како што велат, носи поголемо задоволство, профит и помалку стрес од адвокатурата.

Огромен број на адвокати кои адвокатурата не ги прави среќни

Како што пренесува Гласот на Америка, такви примери во САД има многу и не е воопшто невообичаено адвокатите да започнат да работат како занаетчии. Таков е примерот со Ворен Браун кој бил адвокат, но се откажал од адвокатурата затоа што не го правела среќен.

Ворен Браун, адвокат: Процесот на правање торта е повозбудлив од судскиот процес

Деновиве Браун може да се види  како филува тората во некоја од неговите слаткарници кои се познати и почитувани по својот квалитетен и ентузијастички асортиман,заснован на идејните рецепти на адвокатот Браун.

Ворен Браун, адвокатот што ја напушти адвокатурата заради тортите

Адвокатот што ја остави адвокатурата вели дека причината за неговиот трансфер во друга професија  е затоа што двете години додека работел како правник не му ги исполниле очекувањата.

„Тоа е добра работа со авторитети и одговорност, но по само три месеци откако започнав да работам како адвокат, сфатив дека нема да бидам професионално среќен како адвокат ниту пак општо, како човек до крајот на мојот живот“, истакнува Браун.

Тој се свртел кон пекарството како професија, но таквата одлука не била прашање на избор, туку тоа го направил затоа што почувствувал дека неговиот талент всушност е за правање торти, а на за правење тужби или „филување“ на судски процеси.

Процесот на правање торта за него бил повозбудлив од судскиот процес. Започнал да прави торти кои  и денес наидуваат на воодушевување кај локалната адвокатска фела и колеги.

„Носев торти во адвокатската канцеларија и ми велеа: Човеку, почни сопствен бизнис со торти“

„Носев торти на работа во адвокатската канцеларија, носев торти на адвокатски и други забави и сите ми го кажуваа истото: Треба од ова да направиш сопствен бизнис“, објаснува Браун.

Токму така и направил. Отворил слаткарска продавница и погон во Вашингтон која започнала да работи одлично, а потоа го проширил бизнисот и во Вирџинија.

Торта во тегла – најновиот изум на адвокатот

Денеска вработува 15 луѓе кои му помагаат да ги направи неговите популарни торти.

Пишување книги и свој изум „Торта во тегла“

Тој дури се посветил и на литературата за пекарство и слаткарство. Напишал неколку книги кои денес се „трошат како алва“, а помеѓу творечката литературна дејност тој има и свој патентиран производ наречен „Торта во тегла“,  кој деновиве се лансираше на пазарот како негова оригинална креација.

„Не ви треба ништо посебно. Тегла, торта и лажица. Многу едноставно и практично“, го образложува бившиот адвокат својот слаткарски изум.

20 % од американските адвокати не практикуваат адвокатура, 45% се разочарани од професијата

Податоците покажуваат дека овој адвокат не е сам. Според истражувањата на Американската правничка фондација, 20 проценти од правниците кои положиле правосуден испит не практикуваат адвокатура, ниту се вклучени во правничката професија.

Исто така, според оваа студија, 45 проценти од адвокатите не се задоволни од работата и имаат желба да ја напуштат оваа професија од различни причини, но сепак основната е дека се разочарале од адвокатурата и правото,  затоа што, како што велат Американците, имале преголеми очекувања или подоцна сфатиле дека всушност сакаат друг предизвик во животот.

Центри за „одвикнување“ од адвокатура

Оваа масовна резигнација од адвокатурата во САД, не е проследена само со вербални и емотивни искази на адвокатите, туку постојат и организирани центри кои им помагаат на незадоволните правници и адвокати да најдат нова, адекватна професија за нив што ќе им помогне да се реализираат како личности, но и да ја пронајдат својата среќа, токму онака како што прокламира Уставот на САД – „во потрага по својата среќа“.

Кејси Бергман, бивш адвокатат: Направив сајт кој им помага на адвокатите да најдат друга среќна професија

Кејси Бергман, некогашен адвокат и основач на сајтот „Оставете го правото“

Кејси Бергман, адвокат кој го напуштил правото, основал и свој сајт „Оставете го правото“ кој им помага на правниците да направат транзиција и „реформа“ во кариерата. Бергман вели дека благодарение на ваквата база на несреќни и незадоволни правници, тие можат полесно да најдат работа која ќе ги исполни нивните очекувања, но тој исто така нагласува и дека адвокатите се луѓе како и сите и не треба да се има поинаква перцепција за нив. Вели дека тоа е така затоа што во животот се одлучиле за правото без да направат доволно проценка за своите афинитети, а можеби и дека во времето додека студирале или полагале правосуден испит адвокатурата ја замислувале како поинаков концепт – од оној релниот.

Адвокатите и правниците да си најдат „право“ место

„Како и да е, тоа во најголем дел е прашање на личноста. Се случува често луѓето да се најдат во некоја професија во која подоцна не се пронаоѓаат и не наоѓаат никаква поврзаност. Токму тоа се случува и со правниците“, вели Бергман, додавајќи дека неговата работа секогаш ќе биде насочена кон тоа на адвокатите и правниците да им најде „право“ место во професијата што ќе се рефлектира и на нивниот – среќен живот како дел од ветената  „Американска убавина“.

М.В/ veljanoskim@akademik.mk

8.10.2014