/ Прочитано:

1.160

Независноста на судството тема на разговор помеѓу претставници на Здружението на судии и претставници на Амбасадата на САД во земјава

„Посебен акцент беше ставен на соработката на Здружението со Амбасадата на САД и нивните инструменти и програми за унапредување на владеењето на правото и демократијата, при што беше констатирана потребата за интензивирање на понатамошната соработка“, се наведува во соопштението.

Џемали Саити, претседател на Здружението на судии

Прашања поврзани со независноста на судството и перцепцијата на граѓаните за довербата во судските органи биле дел од темите за кои разговарале претседателот на Здружението на судии Џемали Саити и в. д. заменик-амбасадорот Дејвид Стивенсон, шеф за политички прашања и прашања на владеење на правото и економија во Амбасадата на САД во Скопје, информираат од Здружението.

На средбата било потенцирано дека судството и неговата независност се круцијален сегмент за владеењето на правото и правната држава.

„Посебен акцент беше ставен на соработката на Здружението со Амбасадата на САД и нивните инструменти и програми за унапредување на владеењето на правото и демократијата, при што беше констатирана потребата за интензивирање на понатамошната соработка“, се наведува во соопштението.

Покрај претседателот Саити, на средбата присуствувале и судиите Емилија Шопар-Јованова и Шпенд  Деваја, членови на Управниот одбор на Здружението.