/ Прочитано:

1.968

Нотарот Васил Кузманоски избран за в. д. претседател на Нотарската комора на РМ

Собранието на нотарите од Република Македонија на вонредна седница го избра нотарот Васил Кузманоски од Охрид за в. д. претседател на Комората.

akademik foto 1

Како што велат од Нотарската комора на Република Македонија, одлуката за избор на нотарот Васил Кузманоски за в. д. претседател на Комората е донесена на вонредна седница на Собранието на нотарите од Република Македонија.

„На оваа функција сум именуван до изборот на нов претседател на Нотарската комора на Република Македонија, значи до месец март, кога ќе има и редовни избори за претседател на Комората“, вели нотарот Васил Кузманоски.

Според Статутот на Нотарската комора, претседателот на Комората ја застапува и ја претставува Нотарската комора во Република Македонија и во странство. Претседателот на Комората, се вели во Статутот, воедно е и претседател на Управниот одбор и претседава со Собранието на Комората.

Нотарот Васил Кузманоски доаѓа на функцијата претседател на Нотарската комора на Република Македонија на местото на нотарката Зорица Пулејкова која поднесе оставка.

М.В