/ Прочитано:

1.048

НОТАРСКИ ИСПИТ: Пријавување за полагање во септемвриската сесија од 1 до 10 септември

Среда, 26 август 2015 – Пријавувањето за полагање на нотарскиот испит во септемвриската испитна сесија ќе биде 1 до 10 септември, информираа од Испитната комисија за полагање на нотарски испит. 

„Се известуваат сите заинтересирани кандидати дека пријавувањето за полагање на нотарски испит за септемвриската испитна сесија ќе биде од 1 до 10 септември. Писмениот дел од испитот ќе се одржи на 21 септември 2015 во 10:00 часот во просториите на Апелациониот суд – Скопје“, се вели во соопштението на Комисијата.