/ Прочитано:

2.656

Новата алатка која овозможува отворени податоци на електронскиот систем на јавни набавки

Бирото за јавни набавки, во состав на Министерството за финансии, во насока на отворање на податоците, ја направи јавно достапна платформата „Отворени податоци“ на веб-страницата е-Набавки. Целта е да се создаде транспарентен и квалитетен систем на јавни набавки, и граѓаните и заинтересираните страни да имаат пристап до сите податоци поврзани со јавните набавки затоа што имаат право на тоа.

„Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН) ја отвора базата на податоци за јавноста. Преку новото решение ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ сите заинтересирани страни можат да прават персонализирани анализи и истражувања за системот за јавни набавки или за конкретни институции/носители на набавка. Податоците се претставени преку разни табели, пити, графикони и останати визуализации, а преку филтрите може да се пребарува на месечно, квартално или годишно ниво. Решението изработено со помош на сервисот Пауер БИ (PowerBI) на Мајкрософт овозможува значителен степен на интерактивност и можност корисниците директно да бидат инволвирани во истражувањето“, истакнуваат од Бирото за јавни набавки.

ОТВОРЕНИ ПОДАТОЦИ НА ЕСЈН