/ Прочитано:

827

Нови услови за поднесување апликации до Европскиот суд за човекови права

Четврток, 9 јануари 2014 – На 1 јануари 2014 година, со влегувањето на сила на новото Правило 47 од Деловникот на Европскиот суд за човекови права стартуваше примената на новите услови за поднесување на апликација.

Имено, станува збор за измена и дополнување на Деловникот, со цел да се зголеми ефикасноста на Судот и да се забрза испитувањето на апликациите. За таа цел Судот воведе две големи промени со кои ќе се утврдува дали поднесената апликација треба да биде доделена на разгледување на некоја од судските совети, или пак ќе биде отфрлена без да биде разгледана од страна на Судот.

  • Првата промена се однесува на информациите и документите кои се доставуваат на Судот при поднесувањето на една апликација, со цел тој да може истата да ја испита што е можно поефективно. Во иднина, секоја апликација поднесена до Судот мора да биде комплетирана во целост и пропратена со копии на релевантите документи. Сите некомплетирани апликации ќе бидат отфрлени од страна на Судот.
  • Втората измена се однесува на прекинот на рокот во кој мора да се поднесе апликацијата до судот, а тоа е во рок од 6 месеци од правосилноста на одлуката на највисокиот домашен суд за овај рок да биде прекинат, апликациите сега ќе треба да ги исполнуваат условите утврдени со правилото 47. Апликацијата мора да биде испратена до Судот, прописно пополнета и пропратена со релевантните документи во рамките на периодот утврден со конвенцијата. Некомплетираните информации веќе нема да бидат земени во предвид за целите за прекинување на течењето на периодот од 6 месеци.