/ Прочитано:

2.534

НОВИ ЗАПЛЕНИ НА ПЕТАРДИ: Во Охрид 7.000 парчиња, во Штип речиси 8.000

Четврток, 26 декември 2013 – Речиси седум илјади парчиња различни пиротехнички средства, се запленети во полициска акција спроведена вчера во охридското село Лескоец. Штипската полиција, пак, заплени 7.850 петарди во куќата на еден штипјанец.

Пиротехничките средства како петарди – „пиратки“, „Магнум“ и „Силвер крекер“, како и петарди во форма на бомби, биле откриени при проверка на магацински простор од кафетеријата „Фул“, сопственост на Љ.Џ.(45), наменети за натамошна нелегална и неовластена продажба.

Против Љ.Џ. СВР од Охрид поднесе соодветни кривични пријави за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

Секторот за внатрешни работи – Охрид во пресрет на престојните новогодишни празници врши засилени контроли на физички и правни лица со цел пронаоѓање пиротехнички производи, кои во Република Македонија независно забраната за нивна употреба, неовластено се продаваат во продавници, пазари и на други јавни места.

Во другиот случај,  вчера во рамки на  редовните контролите на полицијата извршен е претрес на домот на 35-годишниот М.Н во Штип. Полицијата кај него пронашла и запленила 7.851 разновидни петарди кои биле наменети за продажба на црно. Против него е поднесена кривична пријава.

Пред два дена, во две одвоени акции на пазарот во Струга беа запленети вкупно 4.212 различни пиротехнички средства.

Извор: МИА