/ Прочитано:

4.078

Новиот Судски деловник е објавен на akademika.com.mk

Вторник, 14 мај 2013Внатрешната организација на македонските судовите од 17 мај ќе се уредува со новиот Деловник донесен врз основа на членот 84 став 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија” бр.58/06, 35/08 и 150/10), по претходно добиена согласност од општа седница на Врховниот суд на Република Македонија. 

Co Судскиот деловник се уредуваат внатрешната организација на судовите, начинот на работењето на судовите, водењето на евиденции за предметите, водењето на уписници и други помошни книги, и книги за евиденција, постапувањето со списите, обрасците, работата по меѓународната правна помош и постапувањето по претставките и предлозите, повикувањето и распоредувањето на судиите-поротници, поставувањето на постојаните судски преведувачи, толкувачи и вешти лица, водење статистика и евиденција и стручното усовршување на кадрите, правилата за односи со јавноста, посебните ознаки на судските возила, информатичкиот систем во судовите, аудиовизуелно снимање на расправа, како и други прашања од значење за работата на судовите.

Co денот на влегувањето во сила на овој Деловник, 17 мај 2013 година, престанува да важи Судскиот деловник („Службен весник на Република Македонија” бр. 71/07, 157/09 и 58/11).

>> Новиот Судски деловник проследете го на akademika.com.mk.