/ Прочитано:

1.382

Ново рочиште за членовите на Левица за учество во протестите

Претходните три главни расправи беа одложувани поради тоа што одбраната го немаше добиено вештачењето за висината на штетата од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на РМ за време на протестите од 13 април.

Судење Здравко Савески и Владимир Куновски

Денеска во Кривичниот суд е закажано ново рочиште за Здравко Савески и Владимир Куновски од Левица, кои се обвинети за учество во толпа што ќе стори кривично дело. Претходните три главни расправи беа одложувани поради тоа што одбраната го немаше добиено вештачењето за висината на штетата од демолирањето на Народната канцеларија на Претседателот на РМ за време на протестите од 13 април.

За делото учество во толпа што ќе стори кривично дело Кривичниот суд на студентот Борјан Ефтимов, кој ја призна вината, му изрече условна казна во траење од три месеци доколку во рок од една година не стори кривично дело. Никола Аризанов и Филип Наковски исто така ја признаа вината која им се става на товар и добија условни казни од шест месеци и една година условно доколку во рок од една односно две години не сторат кривично дело.

Како што информираше застапникот на Државното правобранителство за демолирање на Народната канцеларија, вкупното отштетно побарување изнесува 522 илјади денари или 8 500 евра, од кои:

  • износот од 232 илјади денари се однесува на причинетата штета на вкупната вредност на предметите според нивната вредност во моментот кога е направена штетата и која е потребна за Канцеларијата да се доведе во првобитната состојба и
  • износ од 289 илјади денари проценета штета на вкупната вредност на оштетените и исчезнати предмети.

Оваа штета обвинетите демонстранти од сите предмети солидарно ќе треба да ја надоместат.