/ Прочитано:

747

Објавен повикот за пријавување на таксистите за изучување англиски јазик

Петок, 5 септември 2014 – Град Скопје денеска го објави повикот за пријавување на такси-возачи за посетување бесплатна обука за изучување англиски јазик, а рокот за пријавување е 45 дена.

На јавниот повик може да се пријавуваат таксисти вработени во правни лица лиценцирани за такси-дејност од Град Скопје кои го исполнуваат единствениот услов – да не се постари од 62 години. 

Заинтересираните таксисти треба да поднесат пријава до Архивата на Град Скопје во барака број 16 (пријавата  може да се подигне од Архивата или да се преземе од интернет-страницата www.skopje.gov.mk).  

Кон пријавата треба да се достави копија од лична карта и копија од М1/М2 образец за лицето што се пријавува. Пријавите можe да се достават во рок од 45 дена од денот на објавувањето на јавниот повик. 

Обуката за изучување англиски јазик опфаќа посетување предавања кои ќе ги вршат професори по англиски јазик. Обуката ќе содржи 80 часови, односно 40 блок часови, а трошоците се обезбедени од Буџетот на Град Скопје. 

Пријавените кандидати ќе бидат известени за периодот, местото и условите за одржување на обуката за изучување англиски јазик. 

Повикот е објавен согласно Програмата за подобрување на ефикасноста и квалитетот на автотакси превозот на подрачјето на Град Скопје.