/ Прочитано:

3.313

Објавена новата листа на должници на УЈП

Управата за јавни приходи објавува Листа на должници бр.6/2017 за долгови доспеани до 28.2.2017 и неплатени до 31.5.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

На листата се наоѓаат повеќе од 4000 должници, а во горниот дел се истакнуваат: ЈПЦО„Македонија пат” Скопје, ЦОЈП за комунални дејности Гостивар, ЈП МРТ, „11 Октомври– Еурокомпозит“ АД Прилеп и други физички и правни лица.Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи во согласност со член 9 од Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на непотполни информации кои се објавени на Листата на должници.

Доколку даночниот обврзник не се согласува со објавените податоци, може да се обрати до:

  • надлежната Регионална дирекција на УЈП – за објавените долгови по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход и придонеси од задолжително социјално осигурување;
  • Царинска управа на РМ-Одделение за наплата на приходи, буџет, гаранции и анализа (тел.02/3293 978 или 02/3293 971) – за објавените долгови по основ на акцизи, царини и ДДВ при увоз.
Document 10-4553_1_Листа на должници бр.6/2017_12.06.2017 (1013 KB)