/ Прочитано:

943

ОБУКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА АКАДЕМИК: Постапката за приватизација од аспект на Државната комисија за одлучување во управна постапка

На 27.11.2015 (петок) Академик ќе одржи еднодневна обука на тема „Постапката за приватизација од аспект на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и осврт на последните измени на Законот за денационализација“. Обуката ќе се одржи во конференцискиот центар на хотелот „Квинс“ – Трговски центар „Зебра“, со почеток од 10 часот.

На почетокот на обуката ќе се даде краток историски осврт на постапката за приватизација со посебен осврт на трансформацијата на градежно земјиште. На обуката ќе се  говори за бројни значајни прашањата поврзани со предметот на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, потребните акти за постапката за приватизација, значењето на одделни изрази во Законот за приватизација, начините на приватизација, условите на приватизација, постапката за приватизација на градежно земјиште, постапката за одземање и престанок  на правото за користење на градежно земјиште.

На крајот на обуката ќе се даде осврт на постапката за денационализација со акцент на последните измени на Законот за денационализција. Покрај излагањето на предавачите, вообичаено за обуките на Академик, предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и презентација на практични примери.

Предавачи на обуката ќе бидат Јован Трпевски, член Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и  Марија Петрова- Блажевска, државен советник во Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен.

За учество на семинарот можете да се пријавите на е-пошта:  practicum@akademik.com.mk или на тел. број: 02/32 32 821

 >> Прилог агенда за обуката:

 Семинар во организација на Академик наменет за големите договорни органи