/ Прочитано:

849

Обучувачите за Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната на обука

Среда, 18 март 2015 – Академијата за судии и јавни обвинители Павел Шатев во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија и Бирото за меѓународна борба против наркотици и спроведување на законите (INL) при Американската амбасада во Скопје, денеска и утре организираат  обука на тема: ,,Правила на одредување на казната/Споделување на најдобрите практики и искуства од САД“.

Обуката е наменета за предавачи на Академијата кои ќе бидат ангажирани за спроведување на  обуките за Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната кои е предвидено да се спроведат во период од  март до јуни 2015 година.

„Излагања поврзани со тема преку кои ќе бидат пренесени искуствата на САД во делот на казненото законодавство кој се однесува на одредувањето на казната ќе имаат: судија Рикардо Хинохоса, претседател на федералниот суд во јужниот дистрикт на Тексас и член на Комисијата за казни на САД; Алан Дорхофер, заменик директор на Канцеларијата за едукација и Казнена политика при Комисијата за казни на САД“, информираат од Академијата.

 Темите кои ќе бидат опфатени во рамките на Советувањето се следните:

 Искуството со одредувањето на казните во САД

  • Искуството на САД со насоките за одредување на казната
  • Пред и после пресудата „Букер против САД“
  • Причини за насоки и комисија за казни
  • Важност на извештаите за одредување на казната
  • Рочиште за одредување на казната и жалбена постапка
  • Објаснување на учесниците за главна расправа за уврдување на вина, посебно рочиште за одредување на казна во случај на вина, извештаи за потребите на одредувањето на казната и аргументи на двете страни, пресметување на казната  (од пракса)

Искуството со одредувањето на казните во САД/најдобри практики

  • Вреднување на олеснителни и отежителни околности
  • Востановена тренинг методологија во САД
  • Идеи за едукација
  • Споделување на најдобрите практики

 – Студија на случај – пресметување на казната

  • Случај од пракса и примена на правилата за одредување на казната