/ Прочитано:

1.178

ОБУКА ЗА НАЈЗНАЧАЈНИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИТЕ ДРУШТВА: Практична примена на измените во 2015 година и подготовка и реализација на документацијата од адвокат

На 22.12. 2015 година во конференцискиот центар на Квинс хотел во трговскиот центар Зебра со почеток во 10 часот, Академик ќе одржи обука за најзначајните измени на Законот за трговски друштва во 2015 година и нивна практична примена, подготовка и реализација на документација од адвокат во согласност со законските измени и неопходни компјутерски алатки за имплементација на измените на Законот за трговски друштва.

На обуката ќе се говори и ќе се даде преглед на  преглед на измените во Законот за трговски друштва во 2015 година, ќе се презентираат и дискутираат практични примери за подготовка и реализација на документација од адвокат во согласност со законските измени од 2015 година и ќе се елаборираат неопходните компјутерски алатки за имплементација на измените на Законот за трговски друштва. Поконкретно, на обуката ќе се елаборираат следните прашања:

Преглед на измените во Законот за трговски друштва во 2015 година

–          Преглед на измените од 28.05.2015 год. и 05.11.2015 год.

–          Измени во содржината и формата на Договор за основање на ДОО и КД

–          Измени во содржината и формата на Статут

–          Измена во постапката за измена на Статут на АД

–          Измена во начинот на пренос на удел во ДОО и КД

–          Измени во постапката за зголемување на основната главнина

–          Измени во постапката за преобразба на трговските друштва

–          Измени во законскиот третман на акциите

–          Измени во содржината и формата на годишниот извештај

–          Измени во обврската за внатрешна ревизија

–          Измени во обврските за реализирана зделка со заинтересирана страна

–          Измени во третман на зависно друштво

–          Измени во постапката за бришење на неактивни субјекти од регистар

–          Нови прекршочни санкции и износи на глоби за утврден прекршок

–          Прашања и одговори, дискусија

Обучувач  за овој дел на обуката ќе биде Снежана Петковска, адвокат, поранешен раководител на Сектор за правни работи во Министерството за економија и изготвувач на измените на Законот за трговски друштва

Практични примери за подготовка и реализација на документација од адвокат во согласност со законските измени од 2015 година

–          Поднесување на пријава за упис на основање

–          Постапка за основање

–          Потпишување на документи од страна на регистрационен агент

–          Полномошно издадено на регистрационен агент

–          Документи кои клиентот мора лично да ги потпише

–          Формат на документот

–          Пополнување и потпишување на пријава

–          Потпишување на еден документ со електронски потпис

–          Прашања и одговори, дискусија

Обучувач за овој дел на обуката ќе биде Маријана Андриќ, регистрационен агент, сметководител и даночен советник, Маранд консултантс.

–          Поднесување на пријава за упис на промена

–          Постапка за упис на промена

–          Составување и заверка на Статут на АД

–          Дали и во кои случаи електронскиот потпис заменува нотарска заверка?

–          Третман на преводи

–          Корекција на погрешно внесени податоци пред поднесување на пријава

–          Контрасни примери: точно потпишан документ vs. погрешно потпишан документ

–          Прашања и одговори, дискусија

Обучувач за овој дел на обуката ќе биде  Марија Стојановска, адвокат – регистрационен агент.

Неопходни компјутерски алатки за имплементација на измените на Законот за трговски друштва

–          Дигитална vs. аналогна околина

–          Дигитални услуги – засегнати страни

–      Техничка подготовка за користење на дигиталните услуги (инсталација на потребен софтвер, хардвер, поддршка)

–          Прашања и одговори, дискусија

Обучувач за овој дел на обуката ќе биде Марин Пиперкоски, директор на дирекција за информатичка инфраструктура и телекомуникации, КИБС АД Скопје.

За учество на обуката можете да се пријавите најдоцна до 18 декември на email: practicum@akademik.com. mk или на тел. број:02/32 32 821

Агенда за обуката: