/ Прочитано:

1.581

ОБУКА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗОУП: Практична примена на членовите од законот кои стапија на сила на 31.01.2016

Оваа обука, која ја најавува тимот на Академик, е наменета за правници, адвокати, нотари, извршители, државни службеници, раководители во државните органи, јавните претпријатија, компании или претпријатија со јавни овластувања и единиците на локалната самоуправа, како и за сите останати лица кои непосредно го применуваат Законот за општа управна постапка и за оние кои редовно или повремено водат административни постапки.

akademik..

На 12.02.2016 година (петок) во хотелот „Queen“. Т.Ц. Зебра ќе се одржи обука на тема: Практична примена на одредби од новиот Закон за општа управна постапка кои се стапени на сила од 31.01.2016 година“ како трета во циклусот практични обуки за примена на новиот ЗОУП.
Законот содржи цел спектар на одредби со кои се менува досегашното водење на управната постапка.

Обуката има за цел подобро запознавање со новиот закон, како и подготовка за практична примена на членовите од законот кои веќе стапија на сила:

– член 17, став 2 – Начело на активна помош на странка
– член 29, став 1 и 2 – Правна помош
– член 37 – Комуникација
– член 38 – Потписи
– член 40, став 7 – Поднесок
– член 41, став 3 и член 46, став 3 – Примена на Законот за електронско управување
– член 57, став 1 и 3 – Изведување докази по службена должност
– член 78 – Известување електронски средства

Обуката е подготвена и ќе биде реализирана од членовите на работната група која го подготви новиот Закон за општа управна постапка:

Ирена Брзанова, претседател на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен и

член од работната група која го изготвуваше новиот закон

Оваа обука, која ја најавува тимот на Академик, е наменета за правници, адвокати, нотари, извршители, државни службеници, раководители во државните органи, јавните претпријатија, компании или претпријатија со јавни овластувања и единиците на локалната самоуправа, како и за сите останати лица кои непосредно го применуваат Законот за општа управна постапка и за оние кои редовно или повремено водат административни постапки.

obuka

Заинтересираните за учество на обуката можат да се пријават најдоцна до 10.02.2016 год. (среда) со регистрација на овој мејл (practicum@akademik.com.mk) или на телефон 02/3232-821 или 02/3237-465

Агенцијата Академик, согласно востановената пракса, покрај освежувањето во паузите и обемните материјали на учесниците кои завршуваат барем две од трите обуки за примена на ЗОУП им обезбедува специјален сертификат за обученост, како и специјален попуст на книжните изданија во 2016 година.