/ Прочитано:

2.107

Голем интерес за обуките посветени на ЗОУП

Академик реализираше уште една успешна обука, трета во циклусот обуки за примена на новиот ЗОУП

Академик вчера одржа уште една успешна обука на тема: „Практична примена на одредби од новиот Закон за општа управна постапка кои се стапени на сила од 31.01.2016 година“, како трета во циклусот практични обуки за примена на новиот ЗОУП.

akad 2

Вчерашната обука на Академик беше проследена со голем интерес и посетеност. Правници, адвокати, нотари, извршители, државни службеници, раководители во државните органи, претставници од јавните претпријатија, компаниите, претпријатијата со јавни овластувања и единиците на локалната самоуправа, беа дел од многубројните учесници на обуката.

akad 2

Тие велат дека на обуката во реализација на Академик, на квалитетен,  јасен и интерактивен начин биле елаборирани новините во ЗОУП, кои содржат цел спектар одредби со кои се менува досегашното водење на управната постапка.

akad 2

Концептот на обуката беше реализиран во насока на подобро запознавање со новиот Закон за општата управна постапка, а во функција на подготовка за практична примена на членовите од Законот кои веќе стапија на сила.

akad 2

За таа цел, на обуката особено се дискутираа прашањата за начелото на активна помош, за правната помош, за комуникацијата, за потписите, за поднесоците, за примената на Законот за електронско управување, за изведувањето докази по службена должност, како и за одредбите што се однесуваат на известувањето, доставувањето и жалбената процедура.

akad 2

Покрај овие прашања, на обуката посебен интерес побуди и прашањето на обезбедувањето на докази по службена должност. Во таа насока, предавачката Ирена Брзанова, претседателка  на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, детално се осврна на сите аспекти на управните постапки пред органите, со фокус на жалбената постапка и како доследно и практично да се примени предвидената процедура.

akad 2

Ирена Брзанова дополнително се осврна и на прашањето кои предуслови треба да се исполнат за успешна имплементација на новиот ЗОУП.

akad 2

„Прашањето за исполнувањето на предусловите што треба да ги исполнат органите за успешна имплементација на Законот за општата управна постапка има суштинска важност. Во таа насока, на обуката говорев и за предусловите за ефикасно водење на управните постапки пред органите и што сѐ треба да запазат органите“, вели Брзанова.

akad 2

Во тој контекст,  претседателка  на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, потенцира дека придобивките од ваквите обуки е што може да се укаже на практичките грешки во примената на законското решение и на кои прашања и практики треба да се внимава за да се исполнат целите на начелото на ефикасност преку остварувањето на правата и интересите на граѓаните.

akad 2

„Јас на учесниците им укажав на што треба да се внимава во постапките, посебно во однос на жалбената процедура. На обуката имаше многу правници и адвокати и им посочив на што да внимаваат,  а со цел на најдобар, најефикасен и најетички начин да се одговори на барањата на граѓаните“, истакнува Брзанова.

akad 2

Она што ги карактеризира обуките на Академик е овозможувањето на интерактивна дебата и прашања, со што учесниците можат на непосреден начин да ги разменат своите мислења и да ги расчистат дилемите околу примената на законите од конкретните области за кои се дискутира.

akad 2

И оваа обука помина во таква атмосфера, за што говорат и впечатоците на учесниците кои нагласуваат дека на обуката на квалитетен и јасен начин биле елаборирани новините во ЗОУП.

„Ние, како Агенција, сме многу задоволни од сите правни продукти на Академик, а воедно, тука мислам и на овие обуки како дел од она што го нуди Академик за една квалитетна едукација. Оттука, и оваа обука беше на такво ниво и задоволни сме од целиот тек на обуката “, Ивона Муфишева, Агенција за медиуми.

„На обуката се дискутираше за многу важни прашања како дел од новините во Законот за општата управна постапка и мојот впечаток од обуката е многу поволен: имаше добри предавања, со добри предавачи кои учествувале во креирањето на Законот. Тоа придонесе на практичен начин да се образложат законските новини“, Мери Танушеска, „Евроинс“.

„Задоволна сум од обуката. Се слушнаа суштински работи за примената на новиот ЗОУП, имаше простор за дебата, за прашања и за сугестии“, Ивана Анѓеловска, Агенција за железници.

„Мојот коментар за обуката е дека се работи за многу квалитетна обука. Темата е многу атрактивна, внимателно избрана, со предавачи и обучувачи кои беа исто така одлични“, Благица Пејиќ, Македонска пошта.

„Ваквите обуки имаат особено значење. Со донесувањето на новиот ЗОУП треба да се разјаснат многу работи околу примената на Законот во практиката и околу новините што придонесуваат за успешно водење на управната постапка. Обуката успеа во тоа“, Павлинка Спировска Николовска, „Спорт лајф трејд“.

„Многу, многу корисна и добра обука. Се зборуваше практично за сите важни прашања со кои треба да се соочиме при имплементацијата на Законот. Предавачите беа добро подготвени. Излагањето за жалбената процедура и за управните постапки беше корисно“, Драган Јовановски и Александра Трајковска, Општина Куманово.

„Одлична беше обуката. Задоволен сум од предавачите. Обуката исто така се спроведе на корисен начин, во однос на можноста да се праша и да се дознае за примената на новиот ЗОУП“, Јане Митревски, Дирекција за безбедност на класифицирани информации.

„За овој Закон неминовни се ваквите обуки. Но, тие, како што беше случајот со оваа обука, треба да бидат реализирани со добри предавачи, а посебно со луѓе што учествувале во подготовката. Со оглед на тоа дека се добија многу информации на обуката, со корисни појаснувања, може да се оцени обуката како успешна“, Јасминка Јовановска, Министерство за труд и социјална политика.

„Солидна организација на обуката, проследена со квалитетни предавања и образложенија на новото законско решение“, Јаготка Николовска, Општина Крива Паланка.

„Интересна и, би рекле, многу едукативна обука. Имаше добри предавања. Она што е важно за нас е што се зборуваше за практичниот дел на примената на Законот, со примери, со совети, со насоки како да се постапува. Исто така, добро е што се стави акцент на многу процедурални аспекти. Сметаме дека е тоа од посебно значење за примената на Законот“, Милан Смилевски и Билјана Алчева, Македонски телеком.

„Да, се работи за убава организација и добри предавања. Ова е суштински закон и добро е што на вакви обуки може да се слушнат и да се разменат мислењата, да се дадат сугестии и забелешки во однос на примената на Законот“, Наде Наумовска, ФИООМ.

„Ми се допадна како предавачите го објаснија Законот. Се работи за еден обемен закон и од сите одредби што содржат различни новини предавачите умешно го истакнаа она што е од значење за нас“, Бурим Абази, Агенција за администрација.

„Ваквиот тип на обуки се многу потребни бидејќи се работи за области што директно ги тангираат интересите и правата и затоа е потребно Законот да се објасни. Тоа, како што се виде на оваа обука, најдобро може да се реализира од оние што учествувале во негова изработка“, Магдалена Спасева, Општина Велес.

„Според мене, ваквите обуки се многу корисни бидејќи тука на директен начин се упатуваме кон примената, практичниот дел од Законот,  какви се измените, за што се работи, што треба да се направи“, Александра Николова, „Тим консалтинг“.

„Корисна обука. Предавачите имаа добри образложенија за новиот Закон за општата управна постапка. Обуката, со оглед дека се работи за нов закон, за нас е многу корисна“, Трајче Митревски, Министерство за образование и наука.

„Може да се каже дека обуката е доста позитивно искуство, со оглед на тоа што се образложуваше практичниот дел и што се дадоа насоки и совети како треба да се применат во праксата законските решенија“, адвокат Јулија Заркова.

„Ми се допадна начинот на образложување на Законот и на сите детални објаснувања на новините. Обуката беше убаво реализирана. Пофални зборови“, Јулија Шекерова, ЈП „Комунална хигиена“.