/ Прочитано:

664

Обуки за адвокати од областа на форензиката и притворот според новиот ЗКП

Четврток, 30 јануари 2014 – На 7 и 8 февруари во организација на Адвокатската комора на Република Македонија (АКРМ) и Американската адвокатска комора во Скопје, „Клуб на новинари“, ќе се одржи обуки за новиот ЗКП од областа на форензиката и притворот пред судење. Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати е до 4 февруари 2014 година.

Обуките, како што известуваат од АКРМ, ги држат домашни и странски експерти и истите опфаќаат учење на основни судски вештини, со посебен акцент на учење на практичните вештини.

„Имено, ќе бидат објаснети релевантните делови од новиот Закон за кривична постапка и основните судски вештини. Овие вештини вклучуваат како и кога да се пристапи кон спогодување за вина, што е целта на воведниот говор, односно што претставува и како изгледа директното и вкрстеното испитување. На крајот на обуката ќе бидат доделени сертификати од Адвокатската комора на Република Македонија и Американската адвокатска комора“, наведуваат од Комората.

Од Комората додаваат дека на обуките кои се  отворени и бесплатни предвидено е учество да земат најмногу 20 адвокати, со цел на секој учесник да му се даде можност да ја вежба секоја вештина посебно и да биде оценет од страна на експертите, додаваат оттаму.

„Оние адвокати кои нема да го поминат основниот курс, нема да може да учествуваат на подоцнежните напредни обуки, односно се работи за специјализирани обуки коишто се веќе во тек. Имено, во тек се обуки од областа на форензиката и притворот пред судење, а понатаму се планира организација и на друг тип на специјализирани обуки“, се вели во известувањето. 

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати е до 4 февруари 2014 година и истите своето учество можат да го пријават на следните е-маил адреси: ristik@abaroli.mk или lawyermk@mba.org.mk.

„При регистрација треба да се наведат контакт податоци (име и презиме, адреса, телефон, е-маил адреса) и задолжително  ја обуката за која се пријавувате (датумот на одржување на конкретната обука). Оние адвокати кои ќе се пријават ќе добијат писмена потврда по електронски пат, заедно со сите потребни информации во врска со обуката. Како и до сега, учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен“, потенцираат од АКРМ.