/ Прочитано:

1.063

Обвинителите на обука: „Заштита на личните податоци / Слободен пристап до информации од јавен карактер“

Петок, 27 март 2015 – Во согласност со Kаталогот за задолжителна континуирана обука  за судии, јавни обвинители, претседатели на судови и јавни обвинители на јавните обвинителства, Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ денеска во своите простории организира тркалезна маса на тема: „Заштита на личните податоци / Слободен пристап до информации од јавен карактер“.

Тркалезната маса е наменета за  јавните обвинители на јавните обвинителства.

 На настанот свое излагање ќе имаат: Добринка Борисовска-Господинова, раководител на Сектор за европска интеграција, проекти и меѓународна соработка, Дирекција за заштита на личните податоци; Билјана Волческа, виш инспектор за заштита на личните податоци, Дирекција за заштита на личните податоци;  Цвета Трајковска, раководител на одделение, Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер и Јорданка Стојкова, помошник-раководител на сектор, Комисија за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Темите што ќе бидат опфатени во рамките на тркалезната маса се следните:

  • Основните поими во Законот за заштита на личните податоци/ Надлежности на Дирекцијата за заштита на личните податоци/ Обврски за судовите според прописите за заштита на личните податоци;
  • Примена на основни принципи на заштита на личните податоци во практиката во судството / Остварување на правата на субјектите на лични податоци / Технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на обработката на личните податоци во судовите/ Случај од судската пракса на Судот на правдата на ЕУ и Европскиот суд за човекови права во Стразбур;
  • Балансирање на правото на слободен пристап до информации и заштита на личните податоци / Случај од судската пракса во Република Македонија 
  • Закон за слободен пристап до информации од јавен карактер – досегашни искуства од примената на Законот.

Работни материјали: 1.Презентација 1 2.Презентација 2 3.Презентација 3 4.Презентација 4 5.Презентација 5