/ Прочитано:

601

ОБВИНИТЕЛСТВО: 17 обвинители постапуваат по предметите за прислушување и кривичните пријави на СДСМ

Четврток, 26 март 2015 – „Предметите по јавнообјавените наводи од наводно прислушуваните разговори по службена должност и досега поднесените кривични пријави од СДСМ се распоредени на 17 јавни обвинители од ова обвинителство“, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство – Скопје.

„По дел од истите досега се преземени определени дејствија, а во тек е преземањето и на други активности во согласност со Законот за кривична постапка, Кривичниот законик и внатрешните правила за работење на јавното обвинителство“, се вели во соопштението на Јавното обвинителство.

Оттаму истакнуваат дека јавни обвинители на ист начин постапуваат и по наведените предмети, како и по сите други кривични пријави и настани, без оглед на тоа кој е подносител и кој е пријавен.