/ Прочитано:

1.399

Обвинителството планира да го гони параолимпиецот Оскар Писториус за убиство со умисла

Петок, 15 февруари 2013 – Во текот на денешното сослушување во судот во Јужна Африка обвинителството најави дека планира да го гони Оскар Писториус за убиство со умисла, откако вчера најпознатиот параолимпиец во својот дом со 4 куршуми  ја усмрти својата девојка Рива Стенкамп. Писториус кој не можеше да ги скрие солзите во текот на сослушувањето, тврди дека ја убил својата девојка мислејќи дека се работи за крадец. 

Покрај барањето на одбраната Писториус да биде ослободен со кауција, судијата Дезмонд Нер оваа одлука најави дека ќе ја донесе во вторник. Дотогаш 26-годишниот спринтер ќе биде држен во полициската станица во Преторија и покрај перцепцијата за „повластен третман“ бидејќи во вакви случаи е поверојатно тој да се наoѓа притвор.

Судијата Нер го најави случајот како „Државата против Оскар Леонард Писториус“ кој вклучува  убиство, додека обвинителството посочи дека се работи за убиство со умисла, што укажува дека обвинителот планира да го гони за многу посериозно дело. 

Форензичирате се очекува да продолжат со истрагата во домот на Писториус каде со 4 куршуми беше усмртена 29-годишната Стенкамп.

Оскар Писториус се смета за национален херој во Јужна Африка бидејки е освојувач на златни медали на параолимпијадите, но и првиот човек кој со ампутирани нозе се натпреваруваше на Олимписките игри во 2012 година. 

Јужна Африка е една од земјите  со највисока стапка на криминал во светот поради што голем број на жителите  чуваат оружје дома.