/ Прочитано:

2.178

Од Белгија екстрадиран партнерот на Мадам Пепи

Четврток, 2 0ктомври 2014 – Синоќа од Белгија во земјава бил екстрадиран Воислав Будисавлевиќ, осомничен за шверц на кокаин, обвинет во процесот кој во Кривичниот суд се водеше против Персида Момировска позната во јавноста како „Мадам Пепи“.

Момировска беше обвинета за шверц на брендирана облека и на кокаин, за што доби затворска казна од пет години, додека нејзиниот партнер, скопјанецот  Воислав Будисавлевиќ, во отсуство беше осуден на три и пол години затвор.

Во исказите пред судот, Момировска отфрли секаква вмешаност со пратката на два килограма кокаин и вината ја префрли на својот партнер.