/ Прочитано:

1.802

Оданочување на приходите остварени од вршење самостојна дејност – насоки и упатства на УЈП

Управата за јавни приходи подготви и објави публикација за оданочувањето на приходите остварени од вршење самостојна дејност.

akademik foto 1

Оваа публикација се однесува на основните правила и процедури за регистрација, за утврдување и за плаќање на персоналниот данок на доход и изготвување на Годишна сметка за остварените приходи од самостојна дејност.

Преку публикацијата, велат од УЈП, вршителите на самостојна дејност ќе се запознаат со прашањата како и каде да се регистрираат ако остваруваат приходи од самостојна дејност, потоа кои се нивните права и обврски, како и во кои случаи не се обврзани да ги пресметуваат, да ги пријавуваат и да ги плаќаат соодветните даноци.

Во публикацијата, исто така, се говори и за составувањето и доставувaњето на Годишната сметка и за поднесувањето на даночната пријава.

Поконкретно, во публикацијата се обработуваат прашања кои се однесуваат на вршење на самостојна дејност, на постапките за регистрација за вршење на самостојна дејност и за даночни цели, пресметување и утврдување на персоналниот данок, составување на годишна сметка и рокови за доставување, паушално оданочување на приходи од самостојна дејност.

Pdf_16 Оданочување на приходи остварени од вршење самостојна дејност (2017)

М.В