/ Прочитано:

1.538

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ЕЛСА: „Полова еднаквост за праведен свет – адвокатските искуства за пристапот до правда“

ЕЛСА РМ како организација од студентите за студентите по право, национален огранок на европска студентска асоцијација која ја спроведува интернационалната соработка, дејствува и на локално ниво и се посветува на подобрување на квалитетот на целиот студентски живот на своите членови. Визијата на ЕЛСА е „Праведен свет каде има почит за човечкото достоинство и културната разноликост“ и според таа максима на Правниот факултет „Јустинијан Први“ беше одбележан  Денот на ЕЛСА.

Како своја глобална цел, ЕЛСА ја има поставено промоцијата, воспоставувањето и развојот на взаемно почитување, соработка и лични контакти меѓу студентите по право и младите правници од земјата и странство и преку тоа да придонесува во реализацијата на визијата на ЕЛСА: „Праведен свет каде има почит за човечкото достоинство и културната разноликост“. Во таа насока, вчера на Правниот факултет ,,Јустинијан Први” се одбележа денот на ЕЛСА,а на настанот се говореше за родова еднаквост и практичните искуства за родово специфичните пречки. Претседателката на ЕЛСА РМ, Маја Вељанова, вели дека ЕЛСА секоја година го одбележувува денот, практично во сите држави каде што ја има на европско и глобално ниво.

„Мисијата на ЕЛСА е „Праведен свет каде има почит за човечкото достоинство и културната разноликост“. Поаѓајќи од тоа мото, денот на ЕЛСА секоја година се одбележува со организирање на некоја активност поврзана со конкретна тематика, а оваа година се одлучивме тоа да биде темата за половата еднаквост. Тоа е мошне значајно општествено прашање и затоа нашата цел беше да ги информираме нашите членови, студентите по прво и сите заинтересирани учесници за бројните практични прашања во врска со половата еднаквост. Во таа насока, избработивме едукативни материјали и видео со што се надополнуваат знаењата и искуствата, кои се презентираат  на денот на ЕЛСА “, вели претседателката на ЕЛСА, Маја Вељанова.

За практичните искуства во врска со половата и родовата еднаквост  говореше адвокатката м-р Ана Дангова Хуг од Адвокатското друштво „Интерпартес“, која има големо меѓународно практично искуство поврзано со заштитата на човековите права работејќи на специјална програма ,,Полова еднаквост и реформа во безбедносниот сектор” при DCAF и слични проекти поврзани со оваа проблематика.

„Родовата еднаквост е многу широка тема, но на овој настан се говори за родово специфични пречки за пристап правда, кои може да се анализираат и од теоријата и од праксата. Тероријата и праксата покажуваат дека се извдвојуваат одредени родово специфични пречки на кај различни лица, значи кај  жени, мажи, лица во поодминати години, жртви на родово засновано насилство. Во овие случаи, овие лица не се информирани или не се доволно информирани за своите права, постои неактивност во однос на барањето на пристап до правдата, потоа потешкотии од финансиски аспект во смсила на незапочнување на судска постапка, без разлика дали противдржавен орган или против физичко лице. Исто така, тука треба да се напомене дека и јазикот често се јавува како родово специфична пречка“, истакнува адвокатката.

Адвокатката Хуг вели дека позтивно е тоа што македонското закондавство интензивно се адапатира на европската легислатива, како од кривично-правен така и од семејно-правен и родов аспект. Но, адвокатката во тој контекст подвлекува дека клучно е да се работи на примената на законите и на едукацијата на граѓаните во насока на зајакнување на јавната и правната свест како императив во пристапот до правдата.

„Затоа треба да се нагласи дека потребно е повеќе да се дејствува во однос на заштитата од одредени форми на насилство, граѓаните да се информираат, да реагираат, а да не премолчуваат, дали од страв или незнаење и да трпат. Тоа не смее да се дозволи и затоа едукацијата, актвиниот пристап и запознавањето со своите права е клучна и суштествена“, вели адвокатката м-р Ана Дангова Хуг .

М.В

26.11. 2015