/ Прочитано:

1.274

ОДЛОЖЕНА ЈАВНАТА СЕДНИЦА ЗА „ШПИОН“: И СЈО и Вишото јавно обвинителство велат дека се надлежни за предметот

Пред две рочишта, Специјалното јавно обвинителство даде известување дека воспоставило стварна надлежност над предметот „Шпион“, иако, како што велат од Јавното обвинителство на Република Македонија, според одлуката на Советот на јавни обвинители, предметот „Шпион“ е во надлежност на Вишото јавно обвинителство.

Шпион на Апелација

Денешната јавна седница во Апелациониот суд во Скопје, кој одлучува по жалбите упатени на првостепената одлука за случајот „Шпион“, повторно беше одложена. Причината за одложувањето, како што потврдува одбраната во процесот, е отсуството на дел од обвинетите кои не дошле во Судот, но и поради известувањето од Специјалното јавно обвинителство, кое воспостави стварна надлежност над предметот, дека им е потребно дополнително време за да го проучат предметот.

Пред две рочишта, Специјалното јавно обвинителство даде известување дека воспоставило стварна надлежност над предметот „Шпион“, иако, како што велат од Јавното обвинителство на Република Македонија, според одлуката на Советот на јавни обвинители, предметот „Шпион“ е во надлежност на Вишото јавно обвинителство.

Во одлуката на која се повикува Јавното обвинителство на Република Македонија околу надлежноста на предметот што го бараше специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, се наведува:

„Во образложението на одлуката стои дека за преземање на предметите од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО), односно за воспоставување на надлежност на предметите не е доволно јавниот обвинител кој раководи со тоа обвинителство само декларативно да се произнесе дека е надлежен, туку треба да го стори веројатен фактот дека предметите, како што е наведено, произлегуваат и се поврзани со незаконито следење на комуникации. Во одлуката стои дека јавниот обвинител за да ги преземе предметите, треба да наведе на што ја темели својата надлежност во сите предмети што се побарани, односно да наведе од кои разговори тоа произлегува, кога се водени тие разговори, помеѓу кои лица и да даде опис на содржината на разговорот. Советот на јавни обвинители наведува и дека доколку тоа не е така, во спротивно би можеле да настапи хаотична состојба, каде што повеќе обвинителства би претендирале дека се надлежни за постапување по ист предмет, а тоа може да доведе до несогледливи штетни последици и по самата институција, а исто така и во постапката за гонење на сторителите на кривичните дела“.

Оттаму додаваат дека и предметот за новинарот Зоран Божиновски, кој беше екстрадиран во земјава пред речиси еден месец, е даден во работа на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. Божиновски беше екстрадиран како осомничен во случајот „Шпион“, иако поради неговото отсуство постапката за него беше раздвоена.

Од Апелациониот суд во Скопје наведуваат дека тие ќе го почитуваат решението на СЈО за преземање на надлежноста над предметот „Шпион“.

Во предметот „Шпион“ со првостепената пресуда сите осумнаесет обвинети беа прогласени за виновни. Највисока затворска казна доби Марјан Ефремов кој, според Обвинителството, бил „мозокот“ на групата која шпионирала за странски разузнавачки служби, а истовремено се занимавала со уценување, измами и изнуди. Нему му беа изречени 15 години затвор за кривичните дела: шпионажа, злосторничко здружување, измама, уцена и прикривање. Останатите затворски казни се движат од една до девет години, а изречена беше и една условна казна.

Меѓу обвинетите се и ексгенералот на поранешната Единица за брза интервенција „Лавови“ Горан Стојков,  поранешниот директор на Управата за спречување на пари и корупција Ване Цветанов, поранешниот висок функционер во Управата за контраразузнавање Александар Диневски.

М. С.

АНЕВСКИ ПРЕСЕЧЕ: Предметите што ги бара Јанева се враќаат во надлежност на матичните обвинителства

Специјалното јавно обвинителство ја презеде надлежноста над случајот „Шпион“