/ Прочитано:

1.641

Одложено судењето за членовите на Левица. Судијката чека известување за прекршочните постапки

Во изјава за новинарите пред Кривичниот суд, Савески истакна дека, иако пасошите им се вратени, сѐ уште не им е тргната забраната за напуштање на државата. Според него, тоа претставува изживување на полицијата врз борците за слобода.

20160913_101848

Судијката Весна Петровска-Тагасовска го одложи судењето за членовите на Левица Здравко Савески и Владимир Куновски, кои се обвинети за учество во толпа што ќе стори кривично дело за протестите по аболицијата што ја објави претседателот Ѓорге Иванов.

Судот очекува податоци од МВР за прекршочните постапки кои се водат за истото дело. За ова дело има уште 11 прекршочни постапки против лица за кои треба да се утврди дали учествувале во предизвикувањето на штетата на Народната канцеларија на Претседателот на РМ. Од страна на Јавното правобранителство штетата беше проценета на 522 илјади денари.

Судењето е презакажано за 18 октомври.

Во изјава за новинарите пред Кривичниот суд, Савески истакна дека, иако пасошите им се вратени, сѐ уште не им е тргната забраната за напуштање на државата. Според него, тоа претставува изживување на полицијата врз борците за слобода.

Инаку, Савески и Куновски се обвинети дека на 13 април како дел од толпа учествувале во демолирањето на Народната канцеларија, кое се случи по одлуката на претседателот Ѓорге Иванов за помилување од кривично гонење на 56 лица.

М. С.

СУДЕЊЕ НА ЧЛЕНОВИТЕ ОД ЛЕВИЦА: Обвинителството достави доказ дека Народната канцеларија на Претседателот на РМ е државен имот

ОДБРАНАТА НА ЛЕВИЦА: Народната канцеларија на Претседателот на РМ не е во сопственост на државата. Обвинителството незаконски прибавило вештачење