/ Прочитано:

1.074

Распишан Конкурс за именување на 36 нотари

Министерот за правда го распиша триесет и третиот Конкурс за именување на нотари. Предвидено е да се пополнат 36 места низ повеќе градови во Македонија, од кои најмногу – седум, во Скопје.

notar3„Врз основа на член 10 од Законот за нотаријатот (“Службен весник на РМ” бр.55/07, 86/08, 139/09 и 135/11) и член 2 од Правилникот за бројот и распоредот на службените седишта на нотарите во Република Македонија (“Службен весник на РМ” бр.1/08, 148/08 и 91/13) министерот за правда го распишува триесет и третиот Конкурс за именување на нотари.

1. Се распишува Конкурс за именување нотари за следните нотарски седишта:

– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Берово;

– за три нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Битола;

– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Виница ;

– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Гевгелија;

– за пет нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Гостивар;

– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Дебар;

– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Кавадарци;

– за три нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Куманово;

– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Прилеп;

– за седум нотарски места со службено седиште на подрачјето на основните судови на градот Скопје;

– за три нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Струга;

– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Струмица;

– за едно нотарско место со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Тетово;

– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Велес;

– за две нотарски места со службено седиште на подрачјето на Основниот суд во Штип…“, се наведува во Конкурсот.

>> Конкурсот целосно проследете го ТУКА.