Адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“ објавува оглас за стручен соработник и адвокатски приправник
Адвокатското друштво „Георги Димитров адвокати“ има потреба од ангажирање лица за следните позиции:
- СТРУЧЕН СОРАБОТНИК
- Положен правосуден испит
- Со или без работно искуство по положување на правосудниот испит
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на работа со ICT-апликации
- АДВОКАТСКИ ПРИПРАВНИК
- Без положен правосуден испит
- Без работно искуство
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на работа со ICT-апликации
Идеалните кандидати треба да имаат соодветно искуство и/или желба за специјализација во областа на трговското и работното право, да се урбани и ведри личности, да се високомотивирани за напредување во адвокатската кариера, да се способни за тимска работа и да се изразено ориентирани кон потребите на клиентите.
Предност ќе им се даде на кандидатите кои одлично владеат втор светски јазик и кои се способни за квалитетна работа под притисок.
Кандидатите треба да достават писмо за мотивација и кратка биографија на следната e-адреса: info@dimitrov.com.mk, најдоцна до 15.1.2017 година. Адвокатската канцеларија ќе стапи во контакт само со успешните кандидати со кои ќе се изврши интервју и ќе се спроведе тестирање. Ве молиме без телефонски јавувања.
www.georgidimitrov.com.mk