/ Прочитано:

4.386

Адвокатското друштво ГЕОРГИ ДИМИТРОВ АДВОКАТИ објавува оглас за вработување правник

Кандидатот за вработување на работното место правник во Адвокатското друштво ГЕОРГИ ДИМИТРОВ АДВОКАТИ потребно е да има завршено правни студии и да биде со или без работно искуство.

Кандидатот треба да има одлично изразени организациски способности и професионален ентузијазам, одлично познавање на англискиот јазик и одлично познавање на работа со ICT-апликации.

Предност ќе им биде дадена на  кандидати што имаат стекнато искуство во организирање на настани, конференции и протоколи и кои поседуваат возачка дозвола „Б“ категорија.

За објавеното работно место e предвидена нето плата од 20.000,00 денари.

Заинтересираните кандидати можат да се пријават на електронската адреса info@dimitrov.com.mk со испраќање на кратка биографија и писмо за мотивација.

Најуспешните кандидати ќе бидат повикани на интервју.