/ Прочитано:

3.161

Академик ДООЕЛ – Скопје објавува оглас за вработување

Академик има потреба од работник: Внесувач на содржини

Опис на работно место:

  • Внесување на содржини во посебен софтвер
  • Комуникација и соработка со колеги од другите сектори
  • Извештаи до претпоставените
  • Работа во строго зададени рокови

Потребни квалификации:

  • Образование: високо образование – правен факултет
  • Познавање на работа со компјутери (ниво на активен корисник на MS Office)
  • Познавање на англиски јазик (најмалку средно ниво)
  • Способност за обрнување внимание на детали
  • Доследно следење на конкретни процедури и правила на работа
  • Темелност и фокусираност во извршувањето на зададените обврски

Од личноста бараме да биде и:

  • Ведра и позитивна
  • Исполнителна
  • Одговорна
  • Чесна
  • Проактивна
  • Организирана
  • Комуникативна
  • Тимски работник!

Ние нудиме:

  • Одлична атмосфера за работа
  • Модерни простории во центарот на градот
  • Вработување на неопределено време
  • Основна, почетна нето плата од 15.000 денари

Сите заинтересирани можат да испратат, кратка биографија и мотивационо писмо на: akademik@akademik.com.mk.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

Ве молиме без телефонски јавувања.